Ботас: Вредеше да се чека за една ваква радост

Валтери Ботас по 81 трка во својата кариера конечно се израдува на првата победа во Формула 1 шампионатот. Финецот имаше извонреден старт на руското гран-при, веќе на вториот свиок ги остави зад себе Фетел и Раиконен, потоа задржувајќи ја предноста до самиот крај на трката.

Чувството е неверојатно, вредеше да се чека за една ваква радост. Благодарен сум им на сите во Мерцедес, без овој тим и болидот што го имам немаше да се радувам на оваа победа. Вообичаено не сум премногу емотивен, но штом ја слушнав финската химна, чувството беше неповторливо. Искрено се надевам дека ова е една од многуте победи што ќе ги забележам во периодот што следи“ – изјави 27-годишниот Ботас.

Себастијан Фетел стартуваше од пол-позицијта, но експресно го загуби првото место. На крајот, на Германецот не му преостана ништо друго освен да му честита на победникот.

Сторив се што можев за да го стигнам Валтери. Мислев дека ќе ми се укаже шанса, но не успеав. Сепак, не е ни толку важно, големи честитки до Ботас, ова беше негов ден“ – истакна возачот на Ферари, кој воедно остана лидер во генералниот пласман.

Се вчитува...