Божиќната НБА пресметка за Лос Анџелес ги распродаде најскапите билети

Битката за Лос Анџелес која ќе се случува на Божиќ меѓу Лејкерс и Клиперс е најскапиот натпревар во последнава декада. Влезниците за дуелот на тимовите кои ги предводат Леброн Џејмс и Каваи Ленард се за осум проценти поскапи од ланскиот дуел меѓу Лос Анџелес Лејкерс и Голден Стејт.

Ова ќе биде втора пресметка меѓу Лејкерс и Клиперс оваа сезона. Се сретнаа и на отворањето на сезоната и поуспешен беше тимот на Леонард. Лејкерс и Клиперс се водечки тимови во Западната конференција во моментов.

 

 

 

 

Се вчитува...