Божиновски: Воодушевува атмосферата во Пелистер, Илијоски ни е најдоброто засилување…

Битолскиот прволигаш Пелистер од вчера се наоѓа во Аланија, Турција, каде ќе се задржи до 10. февруари и ќе го реализира вториот дел од зимските подготовки. „Зелените“ доведоа неколку квалитетни засилувања оваа зима и амбициите на тимот се големи оваа сезона, а искусниот играч Боби Божиновски е воодушевен од позитивната атмосфера во клубот и очекува успешни резултати на пријателските натпревари во Турција.

„Атмосферата во екипата е одлична. Играчите напорно работат и очекувам позитивни резултати. Силва дос Сантос полека полека се вклопува во екипата и начинот на работа на стратегот Шенсои и верувам дека ќе биде квалитетно засилување за тимот. Во Турција не очекуваат неколку пријателски средби, од кои верувам многу ќе научиме и ќе ја усовршиме нашата игра“ – истакна Божиновски за ЕКИПА.

Поранешниот напаѓач на Работнички, Баже Илијоски, пред неколку седмици се приклучи кон тимот од Битола, а искусниот Божиновски смета дека екс-напаѓачот на „романтичарите“ е најквалитетното засилување за екипата оваа зима.

Baze 6

„Сметам дека Баже Илијоски е полн погодок за Пелистер оваа зима. Станува збор за одличен напаѓач, кој знае добро да се снајде во секаква ситуација. Тука секако се и останатите засилувања за клубот и примарна цел ни е учество во европските натпреварувања“ – заврши Божиновски.

Се вчитува...