Екипата на Кливленд кавалирс денеска и официјално по потврди што беше познато од поодамна, потпиша нов тригодишен договор со Џејмс Харден. Популарната „брада“ за тригодишната верност од Кливленд ќе инкасира 97 милиони долари.
Официјализирањето на договорот со Харден, управата на Кливенд го одложи бидејќи претходно мораше да направи простор во селари капот откако преку размена го донесе Пејтон Вотсон од Денвер нагетс.
The Beard is back in The Land. We have officially resigned James Harden to a multi-year contract. #LetEmKnow
FULL DETAILS: https://t.co/bxMfwaKkpz pic.twitter.com/meHKLxoKTQ
— Cleveland Cavaliers (@cavs) September 8, 2026
Кавси одлучија да му врачат отказ на Кем Витмор, а со Калифа Диоп потпишаа минимален договор со што направија простор за да го продолжат договорот со Харден.
Харден минатата сезона го предводеше Кливленд до пласманот во финалето на Источната конференција каде загубија од новиот шампион Њујорк никс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
