Брахим Дијаз е новата „десетка“ на Милан

Милан заврши уште еден трансфер, откако конечно беше постигнат договор со Реал Мадрид за ангажмнот на Брахим Дијаз. Овој фудбалер ја мина ланската сезона на позајмица во дресот на „росонерите“, настапувајќи на 39 натпревари и постигнувајќи седум погодоци, што беше доволна препорака за Малдини да инсистира на негово останување на „Сан Сиро“.

Преговорите вродија со плод, па денеска беше потпишан двогодишен договор за позајмица за сума од три милиони евра, а „росонерите“ потоа ќе имаат можност целосно да го откупат неговиот договор со Реал за дополнителни 22 милиони евра. Дијаз воедно ќе го облече дресот со број десет на италијанскиот гигант.

„Милан со задоволство објавува дека е ангажиран Брахим Дијаз од Реал Мадрид, со привремен двогодишен договор“, потврдија „росонерите“ на официјалната веб-страница.

Во меѓувреме, раководството на Милан преговара со Барселона за размена на дефанзивецот Ромањоли со бразилскиот плејмејкер Филипе Кутињо.

Се вчитува...