Брајант, Данкан, Гарнет … кандидати за „Куќата на славните“

НБА лигата ги објави кандидатите за влез во „Куќата на славните“ во 2020 година. На листата се наоѓаат едни од најголемите имиња во спортот.

Коби Брајант, Тим Данкан и Кевин Гарнет се само дел од имињата кои се кандидати за влез во Нејсмит меморијал. Покрај нив на листата за прв пат се наоѓаат и Крис Бош, Шон Мерион, Мајкл Финли, Тамик Качингс и Свин Кеш.

Церемонијата на прием во „Куќата на славните“ ќе се одржи на 29. август во Спрингфилд.

Се вчитува...