Легендарниот НБА кошаркар Коби Брајант вели дека репрезентацијата на Србија е одличен тим кој може да победи секого, па и Соединетите американски држави кои со ослабен ростер ќе настапат на Мундобаскетот во Кина.
„Србија ќе има шанса да ги победи САД. Како и секогаш тие имаат одлични кошаркари. Тоа ќе биде неверојатен натпревар и ќе видиме што ќе се случи“, изјави Брајант.
Светското првенство во Кина ќе трае од 31. август до 15. септември, а светската кошаркарска јавност посакува финале меѓу овие две репрезентации.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА