Браќата Георгиеви со поддршка за фудбалерите: „Ова е Македонија…“ (ФОТО)

ЕКИПА во Букурешт,

Роберт Спасовски (ФОТО)

Најдобрите македонски одбојкари, браќата Никола и Ѓорѓи Георгиеви во друштво на својот татко денеска со поддршка за македонските фудбалски репрезентативци во Букурешт на мечот против Украина.

„Не можевме да ја пропуштима оваа можност. Ова е Македонија. Прекрасно е чувството кога ќе ја видиме сета оваа радост меѓу фановите поради учеството на националниот тим на ЕВРО. Секоја спортска радост е огромна радост“ – ни изјавија Георгиеви кои ги сретнавме во центарот на Букурешт, како подготовка за денешниот дуел со Украина.

Се вчитува...