Бранко Тамше ќе му биде нов тренер на Пешевски во Мотор Запорожје?

Словенечкиот стратег Бранко Тамше, најверојатно ќе биде новиот тренер на македонскиот репрезентативец Жарко Пешевски во Мотор Запорожје.

Неодамна Тамше ја прекина соработката со Целје Пивоварна Лашко на чија клупа беше од 2013 година. Неговото име беше деноививе се поврзуваше и со Веспрем како еден од потенцијалните кандидати за наследник на Љубомир Врањеш. Но, многу поизвесно е дека Словенецот наместо во Унгарија, кариерата ќе ќе продолжи во Украина.

Моментно на клупата на Мотор Запорожје е полскиот тренер Патрик Рамбел. Но, по четирите порази во серија на стартот од новата сезона во Лигата на шампионите, се поизвесна е дека деновите на Рамбел во Запорожје се избројани. Според неофицијалните информации, раководството на Мотор Запорожје веќе го контактирало Бранко Тамше и деновивие треба да бидат финализирани преговорите за наговиот ангажман.

Се вчитува...