Првиот македонски претставник на Летните олимписки игри, Борјан Бранковски заврши на 21. место во квалификациите во стрелаштво на 10 метри воздушен пиштол.
Нашиот олимпиец квалификациите ги заврши со 573 остварени кругови, што беше доволно за 21. место од вкупно 36 пријавени натпреварувачи во оваа дисциплина.
Најдобар во квалификациите беше Индиецот, Чадари Саураб со 586 остварени круга.
На денешниот ден својот настап ќе го има и вториот македонски олимпиец, пливачот Филип Деркоски кој својата трка на 400 метри слободно ќе ја има некаде таму пред 13 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА