Брант не оди на „Алијанц арена“

Баерн Минхен во изминатиот период искажа сериозен интерес за Џулијан Брант, дел од медиумите дури и тврдеа дека трансферот вреден 30 милиони евра е завршена работа, но самиот фудбалер денеска ги демантираше овие гласини – децидно порачувајќи дека нема да ја продолжи својата кариера во дресот на баварскиот гигант.

Ако ја промениш средината, нема гаранции дека ќе играш во новиот клуб. А за мене токму тоа е најважно, да играм што повеќе натпревари, тоа ми е позначајно отколку каде ќе настапувам. Знам дека во Баер Леверкузен ќе ја имам таа шанса и затоа не размислувам за заминување, особено не во Баерн, каде конкуренцијата на мојата позиција е огромна“ -изјави Брант за германските медиуми.

Крилниот офанзивец дојде во Баер од редовите на Волфсбург во 2014 година. Тој има договор до 2019 година, но интересно е што ако „фармацевтите“ не го продадат летово, следната година ќе се активира клаузулата според која тој ќе стане достапен за трансфер за отштета од 12,5 милиони евра, сума што е повеќе од двојно помала од она што германскиот клуб може да го добие доколку летово го продаде германскиот репрезентативец.

Се вчитува...