„Брат и син на Болоња“ – Михајловиќ доби статус на почесен граѓанин

Српскиот тренер, Синиша Михајловиќ станува почесен граѓанин на Болоња, соопштија официјалните лица на градот. На седница на градското собрание била донесена одлука да му се даде ваков статус на предвовникот на Болоња.

„Братот и синот на Болоња. Градскиот совет реши да му додели на Синша Михајловиќ статус на почесен граѓанин“ – стои во соопштението од Градот.

Синиша Михајловиќ, Болоња ја презеде во јануари годинава и со одлична резултатска серија успеа да избори опстанок во Серија А. Му беше дијагностицирана леукемија, мина три циклуси хемотрепаија и трансплантација на коскена срцевина. Во неделата, првпат седеше на клупата на Болоња, а неговиот тим со 3-2 загуби од Милан.

 

 

Се вчитува...