Братска љубов: Украинците „грмеа“ во Букурешт – Македонија, хеј хеј! (ВИДЕО)

Натпреварот помеѓу Македонија и Украина заврши со победа на Украинците од 2-1, но љубовта и почитта помеѓу македонските и украинските навивачи која беше присутна и пред натпреварот продолжи и по истиот.

Имено, на улиците во Букурешт вчеравечер украинските навивачи кои ја славеа победата на својата репрезентација скандираа ‘Македонија, хеј хеј’ по што беа поздравени и од Македонците.

Се вчитува...