Аеродромски дуел – помалиот “брат“ му гостува на поголемиот

Прволигашката програма продолжува денеска со заостанатиот натпревар од 16 коло во СЦ „Јане Сандански“ каде МЗТ Скопје ќе го угости својот младински тим од 17 часот.

Избраниците на Радуловиќ на овој натпревар повторно ќе ја бранат улогата на фаворит, а на истиот влегуваат на крилјата на убедливата победа над ТФТ пред само два дена. „Сино-белите“ како што изминува времето полека ги консолидираат своите редови, аеродромци ги надминаа повредите и проблемите со коронавирусот па фаќаат залет во најважниот дел од сезоната.

Сепак денешниот противник нема да биде воошто наивен. И покрај тоа што избраниците на Даскаловски немаат одиграно прволигашки натпревар повеќе од три недели, дел од играчите настпуваат во разигрувањето во Втората лига па нема целосно да изостанува натпреварувачкиот ритам.

МЗТ 2 се наоѓа во половна позиција до изборување на опстанок во „елитата“ и следната сезона, по 20 одиграни средби „штркчињата“ имаат забележано шест победи, а славје на денешниот „братски дуел“ ќе значи и чекор поблиску до потврда на својата позиција.

На спротивната страна пак првиот тим на аеродромци до крајот на регуларниот дел од сеозната има уште четири дуели, а „перфекција“ во истите би значело пласман од втората до четвртата позиција во пресерет на плеј-офот.

Се вчитува...