Браун повторно доминираше, Бостон поведе со 2-0 во финалето против Индијана (ВИДЕО)

Бостон поведе со 2-0 против Индијана во финалето на Источната конференција во НБА лигата, благодарение пред се на Џејлин Браун кој повторно имаше доминантна улога и на синоќешниот втор натпревар.

Домашните победија со 126-110 во меч во кој пресуди вториот период, под силна мотивација на Браун кој го заврши натпреварот со 40 поени, уште еднаш издвојувајќи се како најдобар поединец на паркетот. Во третиот период Тајрон Халибартон обнови стара повреда и мораше да замине во соблекувалната.

Тејтум и Вајт дополнија со по 23 поени кај Селтикс, додека кај Индијана најефикасен беше Сиакам со 28 поени. Халибартон принудно го напушти теренот во моментот со 10 поени и 8 скокови зад своето име.

Третиот и четвртиот натпревар ќе се играат на теренот на Индијана, каде Пејсерс сезонава немаат пораз во плеј-оф натпреварите.

Се вчитува...