БРАВО ДЕЦА: Бабоски и Андонов со златни медали на СП во кик бокс! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Продолжува жетвата на златни медали на македонските кикбоксери на Светското јуниорско првенство што се одржува во италијанскиот Лидо ди Јесоло.

Калин Бабоски и Томи Андонов денеска во финалните мечеви стигнаа до најсјајното одличје. Бабоски во категоријата до 63 килограми лоукик беше подобар од Србинот Алекса Алексов, додека Андонов во категоријата К1 над 81 килограм славеше над Матви Кујавец од Украина.

Македонскиот кик-боксер Глигор Николов го освои златниот медал на јуниорското Светско првенство кое што се одржува во италијанскиот Лидо ди Јесоло.

Вчера во финалето во категоријата лоукик до 67 килограми Глигор Николов исто така се закити со златен медал, а Драгица Глигорова освои бронза откако загуби во полуфиналето од грчката кик-боксерка Евангелија Кициу.

 

Се вчитува...