После кадетките кои се пласираа во финалето на Светското првенство во училишен ракомет во Скопје, и кадетите успеаја во таа цел.
Кадетската репреезнтација на Македонија ја совлада Србија со убедливи 30-19, и утре ќе се бори за златниот медал. На полувреме македоснката селекција имаше предност од 14-10, а победникот го реши на стартот од вториот дел со серија од 5-0.
Финалето ќе се игра утре во СЦ Јане Сандански во 16:00 часот, а ривал ќе биде подобриот од дуелот Израел – Хрватска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

