Браво за Реал Сосиедад: Чекаа на пехар 30 години, го освоија и го подарија на лекарите (видео)

Реал Сосиедад ја покажа својата големина, откако управата и фудбалерите на баскијскиот клуб решија освоениот пехар од Копа дел реј да го подарат на медицинскиот персонал во болницата во Сан Себастијан.

„Сино-белите“ од Сан Себастијан цели триесет години чекаа на освојување на трофеј, конечно стигнаа до него со триумф во финалето над Атлетик Билбао, за вчера истиот да им го доделат на лекарите и медицинските сестри во клиниката во овој град.

„За сите луѓе кои од ден во ден се борат против пандемијата, овој пехар е ваш. Вие сте вистинските шампиони“, објави Реал Сосиедад.

Се вчитува...