Бразил е моќен и без Нејмар: Тите го објави списокот за „контролките“ пред мундијалот

Селекторот на Бразил, Тите, го објави списокот на репрезентативци кои ќе настапат на пријателските натпревари против Русија и Германија во мартовски подготовки пред Светското првенство.

Бразил за прв пат по долго време ќе биде без Нејмар, кој се опоравува од повреда на зглобот. Сепак, и без него, составот изгледа многу моќен, но има и неколку изненадувања, како на пример повикот за Вилијан Хосе, напаѓачот на Реал Сосиедад, играчот за врска на Бешикташ, Андерсон Талиска, како и искусниот дефанзивец на Гремио, Педро Жеромел.

Пријателската пресметка против домаќинот на СП Русија ќе ја одиграат на 23.март, додека против актуелниот светски првак Германија ќе играат четири дена подоцна.

СОСТАВ:

Голмани: Алисон (Рома), Едерсон (Манчестер сити), Нето (Валенсија)

Одбрана: Дали Алвеш (ПСЖ), Фелипе Луиз (Атлетико Мадрид), Марсело (Реал Мадрид), Фагнер (Коринтијанс), Тијаго Силва (ПСЖ), Маркињос (ПСЖ), Педро Жеромел (Гремио), Рогридо Каијо (Сао Пауло), Миранда (Интер)

Среден ред: Кашемиро (Реал Мадрид), Фернандињо (Манчестер сити), Фред (Шахјтор Донецк), Паулињо (Барселона), Фелипе Кутињо (Барселона), Ренато Аугусто (Пекинг Гуан), Андерсон Талиска (Бешикташ), Вилијан (Челси), Даглас Коста (Јувентус)

Напад: Вилијан Хосе (Реал Сосиедад), Габриел Жесус (Манчестер сити), Таисон (Шахтјор Донецк), Роберто Фирмино (Ливерпул)

 

 

Се вчитува...