Бразил го порази светскиот првак Германија среде Берлин

Репрезентацијата на Бразил со минимални 1-0 го совлада светскиот шампион Германија, во пријателскиот меч одигран на „Олимпискиот“ стадион во Берлин. Габриел Жесус успеа да ја протне топката покрај Кевин Трап во 37. минута од средбата, а до самиот финиш и двете репрезентации не ги искористија шансите да го збогатат или изменат резултатот.

Селекторот на „панцерите“ Јоаким Лев, не може да биде задоволен од оваа репрезентативна пауза која воедно претставува подготовки за претстојното Светско првенство во Русија. Германците пред неколку дена ремизираа против Шпанија (1-1), а сега во вториот контролен меч не успеаја да стигнат до позитивен резултат. Ситуацијата со Бразил е сосема различна, петкратниот светски првак забележа две победи од два меча, претходно совладувајќи ја Русија со големи 3-0.

Се вчитува...