Бразил ја преслуша и Црна Гора, Канада убедлива со Сенегал

Кошаркарската репрезентација на Бразил ја оствари и третата победа на Светското првенство во Кина, откако ја совлада Црна Гора со 84-73.

Натпреварот започна израмнето. Се играше кош за кош, а по десет минути игра Црногорците имаа минимална предност од (19-20). Бразилците за првпат успеаја да се одлепат на крајот на вториот период, за на полувреме да заминат со предност од пет поени (43-38). Одличната игра продолжи и во третата четвртина која беше клучна за победата на „кариоките“ кои ја добија со плус седум, а по триесет минути игра резултатот на семафорот изнесуваше (66-54). Црногорците покажаа дека имаат квалитет дури во последната четвртина која ја стартуваа со серија од 14-0 се приближија на само еден поен разлика (73-72). Александар Ѓорѓевиќ мораше да интервенира со тајм-аут, по кој неговите кошаркари се стабилизираа за конечна победа од 84-73.

Хуертас и Фелисио со по 14 поени беа најефикасни кај Бразилците, додека Соуза уфрли еден помалку. Кај Црна Гора најдобар поединец беше Дерек Нидам со 16 поени.

Во натпреварот од Х групата кој немаше никакво резултатско значење Канада го совлада Сенегал со убедливи 82-60.

Се вчитува...