Натпреварот помеѓу Бразил и Венецуела официјално го започна 47-то издание на Копа Америка. Нејмар и компанија успеаја да забележат убедлива победа од 3-0 и го најавија атакувањето кон нова титула.
Бразил ја најави победата уште на самиот почеток, а во 23-та минута Маркињос ја отвори листата на стрелци успевајќи да постигне гол за својата репрезентација и да донесе предност од 1-0. Шансите пред голот на Венецуела се редеа во низа.
Во второто полуверме, Нејмар беше прецизен од белата точка во 64-та минута и донесе ново водство од 2-0. Непосредно пред крајот на натпреварот, Габриел Барбоса се запиша во листата на стрелците за конечни 3-0.
Во вториот натпревар на вечерта Колумбија беше подобра од селекцијата на Еквадор обезбедувајќи минимална победа од 1-0. Кардона ја донесе победата откако погоди по убавата акција и асистенција на Борха.
Копа Америка требаше да се игра исто како и Европското првенство минатата година, но овој турнир беше преместен поради коронавирусот. Ова се дефинитивно денови на уживање за сите фанови на најважната споредна работа на светот. Самото ЕВРО не изгледаше доволно за уживање. Покрај него, во следните ноќи ќе уживаме во најдобриот латиноамерикански фудбал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА