Бразилец е првото летно засилување на Барселона

Десниот бек на Бетис, Емерсон Апаресидо, на лето и официјално станува нов фудбалер на Барселона. Ова беше уште една трансфер зделка на раководството на Бартомеу, која, во соработка со Бетис, го донесе Емерсон од бразилски Атлетик за 12 милиони евра, но со договорот со Бразилецот, тој ќе остане на позајмица во Андалузија до летото 2021 година.

Емерсон од 1 јули ќе биде дел од тимот на Барселона, а според најавите нема намера да остане во Бетис. Клубот од Андалузија се надеваше дека ќе најде заеднички јазик со Барса во врска со продолжувањето на позајмицата, но Бразилецот веднаш сака да замине на Камп Ноу.

Се очекува Емерсон да добие шанса, позицијата десен бек беше критична, па со неговото доаѓање, Серхио Дест ќе добие конкуренција.

Емерсон има само 22 години, тој е еден од големите таленти во Шпанија, па останува да видиме дали Барселона е вистинскиот тим за него.

Се вчитува...