Бразилец суспендиран на една година откако намерно удрил судија во Кина (ВИДЕО)

Бразилскиот напаѓач Енрике Дурадо суспендиран е на една година и ќе мора да плати казна блиску 30 илјади евра, откако намерно удрил судија во текот на натпревар во првта лига во Кина, објави кинеската фудбалска федерација.

Играјќи за Хенан Сонгшан, 32-годишниот играч во 16. минута од мечот дотрча на теренот до судијата, и од позади го удри во грбот. Арбитарот падна на теренот, и потоа му додели црвен картон.

Бразилскиот напаѓач веднаш беше испратен во соблекувалната. Неговата екипа водеше 2-0, а по неговото исклучување прими два гола и на крајот мечот заврши „реми“.

Се вчитува...