Бразилецот Рафаел де Силва нов играч на Шкендија

Лиридон Љатифи и Мохамед Алхасан заминаа, а Шкендија веднаш го промовираше и првото ново име. Станува збор за играчот од средниот ред, Рафаел да Силва.

Бразилецот има 26 години и доаѓа од таборот на Тирана како слободен играч, откако му истече договорот со албанскиот тим. Во минатата сезона овој фудбалер во 32 настапи постигна четири гола и имаше една асистенција.

Во минатото играл за Коимбра од Бразил, а бил дел и од Лешоеш од Португалија.

Се вчитува...