Бразилците царуваа сред Уругвај, Меси донесе победа на Аргентина

Бразил славеше на гостувањето против Уругвај со убедливи 1-4, за доказ на доминацијата на „кариоките“ во јужноамериканските квалификации за СП 2018 во Русија. Бразилците играа на еден од најжешките терени на својот континент, стигнувајќи до неочекувано лесна победа благодарение на неочекуваниот херој – Паулињо. Екс-фудбалерот на Тотенхем е еден од ретките кои „воскреснаа“ по трансферот во Кина, но играчот за врска делува извонредно по самодовербата здобиена со настапите во дресот на Гвангжу Евергранде. Тоа на своја кожа најдобро го почувствуваа уругвајските репрезентативци, откако Паулињо постигна хет-трик, прв за еден Бразилец против Уругвај уште од 1959 година, кога тоа му пошло од нога на играч што исто така се презивал Паулињо.

Интересно, Кавани прв погоди и го донесе Уругвај во водство, но следеше фуриозна игра на Бразилците, кои со трите гола на Паулињо и еден на Нејмар стигнаа до цел плен на ова тешко гостување.

Brazil 4-1 Uruguay 24.03.2017 FIFA World Cup… by kingrafibd

Аргентина по голема битка успеа да стигне до победата над Чиле (1-0) и трите бода кои им се од огромно значење на „гаучосите“ за обезбедување на мундијалска виза. Лео Меси беше стрелец на единствениот гол од пенал што беше направен врз Анхел ди Марија, а Чилеанците најубавата шанса за израмнување ја пропуштија во вториот дел, кога слободниот удар на Алексис Санчез заврши во гредата.

Lionel Messi Penalty Goal HD – Argentina 1-0… by dailyfootballkick

Колумбија многу потешко од очекувањата го скрши отпорот на Боливија, триумфирајќи со 1-0 со голот на Хамес Родригез во 84. минута, кој промаши пенал, но потоа одбиената топка ја смести во мрежата на противниците.

James Rodriguez Goal – Colombia_1-0_Bolivia_23… by canaldowell

Интересно беше на дуелот Парагвај – Еквадор, на кој домаќините по голема битка славеа со 2-1, додека Венецуела и Перу одиграа без победник, 2-2.

juzna amerika tabela

Се вчитува...