Брдариќ го носи и Елис Бакај во Шкендија!

Поранешниот германски репрезентативец Томас Брдариќ, како што најавивме претходно, треба да биде новиот стратег на клупата на тетовска Шкендија.

Брдариќ очекува официјална промоција на тренерската позиција во Шкендија до крајот на актуелнава недела, но согласно последните најави веќе со неговото прво појавување пред фудбалерите на Шкендија на почетокот од подготовките се очекуваат и првите засилувања за тимот за пролетниот дел од домашниот шампионат.

Како едно од најголемите засилувања за тимот се најавува и албанскиот репрезентативец Елис Бакај. 29-годишниот Бакај изминатава полусезона настапуваше за хрватскиот прволигаш Сплит, но е пред заминување од клубот. Претходно во својата кариера Бакај има настапи и за албанските прволигаши Партизани Тирана, Динамо Тирана и Тирана, но и за романскиот Динамо Букурешт и укранскиот прволигаш Черноморец од Одеса. За репрезентацијата на Албанија има одиграно 28 официјални натпревари.

Се вчитува...