Брдаровски и Србинот Гордиќ се нови засилувања за Скопје

Новиот фудбалски прволигаш Скопје го комплетираше својот состав за претстојната сезона, носејќи две значајни засилувања во соблекувалната на самиот истек од преодниот рок. Нови играчи на клубот од Автокоманда се искусниот десен бек Владица Брдаровски и српскиот интернационалец Милош Гордиќ.

Брдаровски носи огромно искуство и квалитет во дефанзивната линија на тимот. Зад себе тој има богата кариера исполнета со настапи за домашните гиганти како Вардар, Шкупи, Работнички и Пелистер, но и интернационално искуство во клубови како Брно, Ѓер и Дрита. Тој исто така е и поранешен репрезентативец на Македонија.

33-годишниот српски напаѓач, висок 1,87 метри, во својата кариера настапувал во повеќе клубови, меѓу кои и Нови Пазар, а последниот интернационален предизвик го имаше во Индија, каде го носеше дресот на Намдари.

Се вчитува...