Бредли Бил постигна дури 60 поени во поразот на Вашингтон, Никс повторно личат на екипа (ВИДЕО)

Дури 11 натпревари се одиграа синоќа во НБА лигата од кои, без сомнение, за издвојување е извонредниот ефект на кошаркарот на Вашингтон, Бредли Бил.

Бил постигна дури 60 поени, но Вашингтон загуби од Филаделфија со 141-136. За овој ефект на Бил му требаа 35 топки од кои погоди 20, но тоа беше недоволно против тимот кој го водеа Џоел Ембид со 38 поени и Сет Кари со 28 поени.

Големо изненадување на почетокот од сезоната е екипата на Њујорк никс. До петтата победа дојдоа против Јута со 112-100. Џулиус Рендл беше фантастичен со 30 поени и 16 скока, а го следеа Риверс со 23 поени и Пејтон со 22 поени.

Во дербито на вечерта Бостон како гостин славеше против Мајами со 107-105, со 27 поени на Џејсон Татум. Кај домашните се издвои Џими Батлер со 26 постигнати поени.

Индијана славеше против Хјустон со 114-107, Орландо го победи Кливленд со 105-94, а Милвоки беше подобар од Детроит со 130-115. Во неизвесен меч Оклахома на гостински терен славеше со 110-111 против Њу Орлеанс, Сакраменто го победи Чикаго а ЛА Клиперс трифираа на гостувањето против Голден стејт со 101-108.

Се вчитува...