Стручниот штаб на Брегалница ги договори шестте пријателски натпревари согласно планот и програмата за летните подготовки за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.
„Сините“ ќе имаат шест тест-дуел како подготовка за новата сезона. Првиот пријателски натпревар ќе биде на 5. јули со новиот прволигаш прилепска Победа и ќе се одигра на Градскиот стадион во Штип, како прво претставување на новиот тим на Брегалница за сите свои фанови.
Потоа ќе следат натпреварите со Работнички (9. јули) и српскиот прволигаш Трајал од Крушевац, Србија (14. јули), како и со Академија Пандев на 23. јули. На 27. јули ќе следи и контролниот натпревар со гевгелиски Кожуф, а генералката пред стартот на сезоната ќе биде на 31. јули со гостувањето против Беласица во Струмица на прославата на 100-годишнината од формирањето на струмичкиот клуб.
Во меѓувреме продолжуваат подготовките на тимот во Пехчево, кои ќе бидат заокружени на 5. јули токму со пријателскиот дуел со прилепска Победа кој ќе се игра во Штип.
ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ
05. јули: БРЕГАЛНИЦА – Победа Прилеп
09. јули: Работнички – БРЕГАЛНИЦА
14. јули: БРЕГАЛНИЦА – Трајал Крушевац (Србија)
23. јули: БРЕГАЛНИЦА – Академија Пандев
27. јули: Кожуф – БРЕГАЛНИЦА
31. јули: Беласица – БРЕГАЛНИЦА (прослава на 100 години од формирање на струмичкиот клуб)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА