Брегалница ги почна подготовките во Анталија (ФОТО)

Фудбалерите на Брегалница, под водство на новиот шеф на стручен штаб Илчо Ѓорѓиоски, денеска го одработија првиот тренинг по пристигнувањето во Анталија.

Првиот тест дуел штипјани ќе го имаат веќе утре против рускиот Кубан Краснодар со почеток од 15 часот по македонско време. Вториот веќе договорен тест е против азербејџанскиот прволигаш Зира на 24. јануари, а третиот против казахстанскиот Аксу на 27. јануари.

Се вчитува...