Брегалница ги почна подготовките за полуфиналето од Купот на Македонија (ФОТО)

Фудбалерите на Брегалница денеска ги стартуваат тренинзите, по речиси тримесечна пауза, во очекување на големото полуфинале од Купот на Македонија против Академија Пандев.

Почитувајќи ги максимално предвидените протоколи и мерки за заштита од Ковид-19, избраниците на Добринко Илиевски денеска работеа поделени во помали групи. Во ист ритам ќе се продолжи и наредниве денови.

Претходно од ФК Брегалница информираа и дека сите фудбалери, членови на стручниот штаб и раководството се негативни на Ковид-19. Резултатите по вчера реализираните тестови се негативни.

Се вчитува...