Брегалница ги заврши подготовките на Златибор, последните два теста во Македонија со Тиквеш и со Силекс (ФОТО)

Фудбалерите на Брегалница заокружија успешни десетдневни подготовки на Златибор, каде беа одиграни и четири квалитетни пријателски натпревари.

Шефот на стручниот штаб Марјан Секуловски може да биде задоволен од реализираното во српскиот подготвителен центар каде „сините“ запишаа три победи, против црногорските Морнар и Искра Даниловград, како и против српскиот прволигаш Бачка Паланка, и едно реми (2-2) со Графичар од Белград.

По вчерашната победа против Бачка Паланка од 2-1, „сината експедиција“ денеска се враќа во Штип.

„Може да искажеме задоволство од реализираните подготовки на Златибор каде имавме одлични услови за работа овозможени и од хотел ’Паласид’, согласно и препознатливото гостопримство. Пред тимот, по враќањето во Македонија, сега е финалната фаза од подготовките за новата сезона“ – вели извршниот директор на Брегалница, Емил Тодев.

Брегалница низ последната фаза од подготовките ќе одигра и два пријателски натпревари. На 28. јули, „сините“ ќе одиграат натпревар со кавадаречки Тиквеш, додека генералката пред почетокот на новата сезона ќе биде против Силекс на 1. август. Местото на одигрување на натпреварите ќе биде дополнително одредено, во зависност и од ждрепката за распоредот на натпреварите од ПМФЛ.

Ждрепката за новата сезона во ПМФЛ ќе биде одржана на 26. јули во просториите на Фудбалската федерација на Македонија,

Се вчитува...