Брегалница повеќе од успешно го стартуваше контролните проверки за време на подготовките во Анталија, славејќи на првиот тест дуел против рускиот Кубан Краснодар со 1-0.
Избраниците на Илчо Ѓорѓиоски беа многу подобар противник на терен создавајќи многу повеќе можности за погодок, но на крајот искористија само една преку Мартин Стојанов во 60. минута од средбата за конечна победа.
Шанса на натпреварот добија безмалку сите фудбалери кои се на подготовките со тимот во Анталија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА