Брегалница го разреши Кузманов од тренерската функција

По вчерашниот пораз од Шкендија Арачиново на домашен терен, раководството на ФК Брегалница се одлучи да ја прекине соработката со шефот на стручниот штаб, Никола Кузманов.

Од Брегалница и официјално информираа дека се прекинува професионалниот ангажман на членовите на комплетниот стручен штаб.

„Фудбалскиот клуб Брегалница ја информира јавноста дека со одлука на Управата на клубот се прекинува професионалниот ангажман на стручниот штаб. ФК Брегалница се заблагодарува на членовите на стручниот штаб за досегашниот професионален ангажман, посветеност, труд и придонес во клубот“ – се вели во соопштението од Брегалница.
Нејасно е какви беа очекувањата на раководството на штипјани од Кузманов ако се знае дека беше именуван на само еден ден пред стартот на сезоната, без реализирани ниту еден ден подготовки. Брегалница во моментов се со шест бода на осмото место на табелата.

Се вчитува...