Брегалница на само еден ден пред стартот на сезоната и мечот со Вардар именуваше тренер

Брегалница на само еден ден пред стартот на новата сезона и утрешниот натпревар со шампионот Вардар во Скопје именуваше тренер на клубот.

Враќањето во елитното друштво за штипјани ќе биде со искусниот Никола Кузманов, кој е именуван откако Влатко Костов не се согласи да го води тимот под новонастанатата ситуација во Брегалница.

60-годишниот стратег и во минатото ја водеше Брегалница, а минатата сезона беше помошник во стручниот штаб на Костов.

Во својата кариера Кузманов го предводеше и второлигашот Слога од Виница, а работеше и во ФК Кит Го од Пехчево каде ја извршуваше и функцијата спортски директор.

Се вчитува...