Брегалница поразена од Земун

Штипскиот прволигаш Брегалница загуби од српскиот клуб Земун со 0-1 на пријателскиот натпревар што денеска се одигра во Штип. Гостите беа подобар противник на овој дуел и заслужено славеа, а единствениот погодок беше дело на Ненад Лукиќ уште на самиот старт од мечот, во шестата минута.

Штипјани имаа свои шанси преку Наумов и Георгиев, но не ги реализираа. Сепак, на овој тест Брегалница не настапи во својот стандарден состав, со оглед дека неколку фудбалери се повредени, па се штедат за стартот на пролетниот дел од шампионатот.

Се вчитува...