Брегалница пушти во продажба сезонски билети – Предност за домашните натпревари за сите со сезонски билети!

Фудбалскиот клуб Брегалница од денеска ги пушта во продажба сезонските билети за натпреварите во Првата македонска фудбалска лига за сезоната 2021/22. Билетите, по цена од 1500 денари, ќе важат за сите првенствени натпревари како и сите натпревари од Купот на Македонија на “сините” на домашен терен за сезоната 2021/22.

Како што информираат од ФК Брегалница, продажбата на сезонските билети ќе биде во маркетот Супер Кит-Го (Туш) и маркет Кит-Го (Сењак).

„Сезонските билети ќе важат уште за првото првенствено коло од ПМФЛ и натпреварот против Шкупи в недела (8.август) со почеток од 17:30 часот. Поради се уште актуелните Ковид-19 протоколи и ограничувањето за исполнување на само 30% од капацитетот на Градскиот стадион во Штип предност ќе имаат имателите на сезонски билети. Во случај на прекин на првенствените дуели поради Ковид-мерки за здравствена заштита или пак забрана за присуство на навивачи, паричните средства ќе бидат вратени на имателите на сезонски билети. За сите кои од утре ќе набават сезонски билети за натпреварите на ФК Брегалница, клубот обезбеди и подароци брендирани со обележјата и амблемот на “сините”“ – информираат од штипскиот прволигаш.

Сите неопходни информации за купување на сезонските билети на ФК Брегалница може да се добијат и на следниот е-мејл: fcbregalnicastip@yahoo.com

Се вчитува...