Брегалница со стил до прва победа сезонава во ПМФЛ

Фудбалерите на Брегалница стигнаа до првата победа сезонава во домашниот шампионат откако вечерва на домашен терен славеа против Арсими со 4-0 во натпревар од 2. коло од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Домаќините поведоа со 1-0 со погодокот на Мартин Стојанов во 10. минута. До крајот на првиот дел беше и 2-0 откако прецизно за штипјани стрелаше Методи Максимов во 28. минута.

Во вториот Мартин Стојанов со својот втор гол во 50. минута зголеми на 3-0, додека конечните 4-0 беа дело на Даријан Тасев во 86. минута.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...