Брегалница триумфално против српскиот Трајал Крушевац

Фудбалерите на Брегалница запишаа победа од 2-0 на третиот свој пријателски натпревар за време на летните подготовки, овој пат славејќи против српскиот прволигаш Трајал од Крушевац.

Избраниците на Илчо Ѓорѓиоски беа далеку подобар тим на теренот на Градскиот стадион во Штип, комплетно надигрувајќи го противникот од Србија.

Штипските „сините“ до предност од 1-0 дојдоа уште во 12. минута со голот на офанзивецот Милан Ѓокиќ, а потоа во второто полувреме со голот на Алтипармаковски во 59. минута заокружија за конечни 2-0. Победата можеше да биде и поубедлива, но Ѓокиќ промаши пенал за Брегалница.

На претходните два свои тест дуели, Брегалница славеше со 2-0 против прилепска Победа, а одигра натпревар без голови со Работнички.

Се вчитува...