Брегалница убедлива со Силекс на „генералката” пред стартот на сезоната

Фудбалерите на Брегланица со победа од 3-0 над Силекс ги завршија подготовките за новата сезона во Првата лига која започнува следниот викенд, а штипјани за противник на стартот ќе го имаат Шкупи.

Брегалница до водство од 1-0 стигна уште во првото полувреме преку Мартин Стојанов кој беше сигурен од белата топчка. Во второто полувреме стрелаа Бобан Георгиев и Љупче Кудев за зголемување на водството и убедлива победа.

Се вчитува...