Брегалница убедливо поразена, Бујчевски и Гуцев стрелци за Трепча

Штипска Брегалница убедливо загуби со 0-5 (0-1) на пријателскиот натпревар против косовскиот прволигаш Трепча кој се одигра во Струга.

Брегалница немаше шанса против вицешампионот на Косово кој ова лето учествуваше и во квалификациите за Лигата на Европа. Стрелец на два гола за Трепча беше и Антонио Бујчевски, а еден постигна Гуцев. И двајцата ова лето од Силекс се преселија во редовите на Трепча.

Се вчитува...