Штипска Брегалница по само една година ќе добие нови сопственици.
Според денешните информации, германски бизнисмен ќе добие 51% од клубот, откако на денешниот Совет на општината се очекува да се изгласа продажба на тој дел од акциите на клубот.
Според најавите, се работи за германска компанија која веќе инвестира во клубови во Германија, а сега ќе го преземе и штипскиот клуб кој сезонава се бори за враќање во прволигашкото друштво.
Како што е познато, во јуни 2025 година, Брегалница беше продадена на поранешниот турски кошаркарски репрезентативец, Мурат Шамил Шен, кој најави силни инвестиции во клубот, но ништо од тоа.
Се најавуваше еуфорично и инвестирање во кошаркарскиот клуб во Штип, но ништо и од тоа, па сега по помалку од една година тој се повлекува од клубот.
Брегалница е пред враќање во Првата лига. Во второлигашката конкуренција е на чело на табелата, па во последните две кола и требаат две победи за дефинитивно да си го осигура елитното друштво.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА