Брејди потпишува за еден од најслабите тимови во НФЛ

Том Брејди стави крај на 20-годишната авантура со Њу Ингланд откако вчера преку писмо се раздели од „патриотите“, а се очекува веќе денеска 42-годишниот квотербек да потпише со својот нов клуб.

Во игра беа неколку екипи, но Брејди изненади со изборот – тоа ќе биде Тампа Беј, тимот што важи за еден од најслабите во НФЛ-лигата во поледните десетина години. Тампа Беј е без пласман во плејофот цели 12 години, последен пат оваа екипа се закитила со титулата во 2003, но управата се надева дека со потписот на легендарниот квотербек работите ќе тргнат на подобро.

За шесткратниот шампион ова дефинитивно е чекор назад во кариерата, а за такво нешто причина може да биде само една – пари, и тоа многу пари. Имено, челниците на Тампа Беј подготвиле загарантиран договор во висина од 30 милиони долари за една сезона за ветеранот, со можност соработката да продолжи и во 2021 година, доволна причина за Брејди да си замине од Њу Ингланд и пред да стави крај на кариерата да го облече дресот на друг клуб освен оној на „патриотите“ од Бостон.

Се вчитува...