Брејди за Коби – На светот му се потребни лидери како него

Легендарниот квотербек Том Брејди објави емотивен текст посветен на Коби Брајант во кој напиша дека доколку светот сака да биде подобро место на живеење потребни му се многу повеќе луѓе каков што беше легендарниот кошаркар.

„Сите знаеме дека на светот му се потребни лидери и позитивни луѓе каков што беше Коби. Тој правеше работи кои другите едноставно не знаеја да ги направат. Со своето присуство влијаеше на другите. Имаше енергија во луѓето да препознае нешто што ние другите не можеме. Беше неверојатен кошаркар, а потоа стана бизнисмен, медиски магнат, а беше и одличен татко, сопруг… Спортот покажува какви сме ние како луѓе. Не дефинира како личности, ги дефинира нашите емоции. Дури и во оваа трагедија научив нешто. На кој начин сето тоа ме погоди. Зошто не можев да спијам навечер и плачев како мало дете“, изјави Брејди. 

Том Брејди е најдобриот играч во историјата на НФЛ откако успеа со Њу Ингланд Петриотс да освои шест прстена, учинок што на ниту еден друг фудбалер не му успеал.

Се вчитува...