Детроит загуби на домашен терен од Кливленд со 113-117 (по продолженија), по што пистонси како први носители повторно се на работ на елиминација од источната конференција во плејофот. Детроит се врати од 1-3 минатата рунда против Орландо, поведе со 2-0 против Кливленд, но сега се наоѓа во незгодна ситуација откако дозволи противникот да слави на три меча во низа.
Дуелот беше израмнет, а Детроит може да жали ако се знае дека имаше девет поени на две и пол минути до крајот, но потоа дојде до голем пад во играта на овој тим. Кливленд, кој немаше гостинска победа од почетокот на овој плејоф, успеа да се врати, да се избори за продолжение, а потоа и во дополниителните пет минути да стигне до голем триумф.
Џејмс Харден беше одличен со 30 поени, осум скокови и шест асистенции, Мичел постигна 21, а Струс 20 поени за Кливленд.
Кај Детроит најистакнати беа Канингем со 39 поени, Џенкинс со 19 и Херис со 13 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
