Фудбалерите на Брера Струмица забележаа убедлив триумф во Втората македонска фудбалска лига, откако на домашен терен со високи 7:0 го совладаа Шкупи во рамките на петтото коло.
Струмичани уште од самиот почеток ја презедоа контролата врз натпреварот и ја оправдаа фаворитската улога. Сепак, во првите 45 минути успеаја да постигнат само еден погодок, па на паузата домашниот состав имаше минимална предност.
Сликата на теренот целосно се промени во второто полувреме. Брера продолжи со силен ритам, а гостинската одбрана не успеа да најде решение за нападите на домаќинот. До крајот на средбата струмичкиот тим постигна уште шест гола и стигна до убедливи 7-0.
Со новите три бода, Брера Струмица ја продолжи успешната серија и стигна до четвртата победа во шампионатот. Тимот сега има 13 бода и се наоѓа на втората позиција на табелата.
На врвот е Пелистер со 14 бода, но Брера има натпревар помалку. Причината за тоа се обврските на струмичани во младинската Лига на шампиони, поради кои нивниот распоред во домашното првенство беше изменет.
Од друга страна, Шкупи останува без освоен бод по пет одиграни натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
