Брестовац: Да не сме во ваков грч, можеме и до историја

Младите македонски ракометари ја остварија втората победа на мундијалот, го совладаа Бахреин и остварија пласман во осминафиналето. Селекторот Данило Брестовац е уверен дека овие ракометари можат и подобро во продолжение од првенството.

“За разлика од првите два меча, изгледавме подобро и во одбраната и во нападот. Имавме малку проблеми со критериумот, но ме радува што за нијанса ја подобруваме играта. Во денот за одмор ќе се обидеме да се подготвиме подобро за Данска и за Јапонија. Јас не можам да ги убедам ракометарите дека се способни да направат нешто историско. Играат како во грч, дали имаат проблеми со пријатели, со роднини, не можам да ги препознаам на теренот. Цела година сме вежбале нешто, а не можеме да го одиграме” – изјави Брестовац по натпреварот.

Мечот со Данска е закажан за в недела, в понеделник групната фаза кадетите ја завршуваат со Јапонија.

Се вчитува...