Брестовац договори нова соработка со Ал Араби

Поранешниот селектор на македонската ракометна репрезентација Данило Брестовац, и во новата сезона ќе го води тимот на Ал Араби од Катар. Тој се договори за продолжување на соработката на уште една сезона.

Новиот договор на Брестовац е како наградата за одличната сезона со која освои три престижни пехари.

Некогашниот репрезентативен голман е во Ал Араби од 2024 година, откако претходно беше тренер на Ал Сафа од Саудиска Арабија, претходно во УАЕХФ од ОАЕ, а од македонските клубови ги водеше Тиквеш и Металург, како и репрезентацијата на Македонија сениорска и онаа до 29 години.

Се вчитува...