Брестовац ги одбра кадетите за турнирот во Бугарија

Селекторот на сениорската ракометна репрезентација, Данило Брестовац, продолжува и со активностите како предводник на кадетската национална селекција. Тој денеска го објави списокот на ракометари кои ќе настапат за Македонија на претстојниот турнир во Бугарија, на кој покрај нашата и домашната селекција ќе учествуваат уште и Турција, Косово и Црна Гора.

Првиот собир е закажан за 7 октомври, а турнирот во Бугарија ќе се одржи во периодот од 11 до 13 октомври.

 

 

 

Се вчитува...